Полициските белешки откриваат дека во деведесеттите години Земунскиот клан имал разработен план да го киднапира најбогатиот Србин, Филип Цептер. Богатството на кралот на „тенџерињата“ според „Форбс“ се проценува на 5 милијарди евра. Криминалецот со прекар Ѓура Мутави добил задача да купи куќа во Војводина каде требало да се држи Цептер по киднапирањето.

Кој се плаши не мора да почнува бидејќи ќе биде голема врева и ќе се крене цела Европа.Имаме свој човек кој ќе ни каже кога Цептер ќе влезе во Србија-стои во полициските белешки од разговорите на Земунците.

Планот за киднапирање пропаднал во последен момент, а сумата која требало да ја земат изнесувала неколку милиони тогашни марки.