Балканската нарко мафија има главна улога во шверцот со кокаин од Јужна Америка во Европа. Како што анализира „Курир.рс“, оваа група е составена од Срби, Хрвати, Црногорци, Македонци, Албанци, Романци и Бугари..
Годишно шверцуваат околу 500 килограми кокаин со добро разработена шема преку бродови од Еквадор и Колумбија, најпрво до Шпанија а потоа и низ цела Европа.
Оваа група кокаинот го продава од 50 до 10 евра за грам, односно 50.000 евра за килограм.
Заработката на оваа група се мери со стотици милиони долари бидејќи цената на кокаинот од плантажите до крајниот купувач се зголемува дури 17 пати.
Comments are closed for this post.