Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, планира да ги интензивира економските и политичките врски со Берлин. Турскиот лидер најави такво нешто пред претстојната посета на Германија. Како што смета Ердоган, неговата посетата ќе биде и „чекор кон зајакнување на економските односи на взаемна корист“.
Планирано е турскиот претседател да пристигне во Берлин на 27 септември, а на 29 да го посети Келн.
Односите помеѓу Берлин и Анкара се влошени по обидот за државен удар во Турција во 2016 година, по што беа притворени десетици илјади луѓе, вклучително и германски државјани. Тензиите се намалија откако минатите месеци беше ослободен од притвор германски новинар со турско потекло, а исто така му беше дозволено на друг германски државјанин да замине од Турција.
Во Германија живеат околу три милиони Турци, што е најголема дијаспора во светот.
Германските власти оценуваат дека немаат друг избор освен зајакнување на врските со Анкара и покрај загриженоста за кршење на човековите права во Турција.
Инаку, пред посетата на Ердоган на Германија, во повеќе германски градови имаше протести организирани од коалиција организации против турскиот претседател, вклучувајќи ги и курдските здруженија.
Митинзите се планирани и за време на посетата на Ердоган, па така за во петок и сабота се планирани неколку големи протести во Берлин и Келн. Се очекува дека ќе бидат присутни околу 10.000 луѓе.
Comments are closed for this post.