Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени денеска дека на претстојните предвремени парламентарни избори во Косово „несомнено“ ќе победат силите што се залагаат за голема Албанија што странците потоа ќе го искористат за да извршат притисок врз Србија за признавање на независноста на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ оцени дека Србија во секоја смисла ја чека „многу тешка пролет, тешко лето и тешка есен“.
-На овие избори (во Косово) сигурно ќе победат силите што инсистираат на обединување со Албанија. Така рече Рамуш Харадинај, тој е опасен човек кој очекува на Албин Курти да му треба една албанска партија за коалиција и се залага да биде таму и подоцна да биде избран за претседател на Косово. Тогаш тие би ја имале таа коалиција за голема Албанија, оцени Вучиќ за ТВ Прва.
Тој додаде дека после тоа странците ќе и ја изнесат на Србија идејата за признавање на независноста на Косово како компромисно решение заради спречување на формирањето на Голема Албанија.
Comments are closed for this post.