На крајот на посетата на Македонија, бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе положи цвеќе на споменикот на полковникот Константин Каварналиев. Но, малкумина знаат за кого всушност се работи. Станува збор за полковник во бугарската армија кој загинал во 1913 година во Стар Дојран.

Учествува во Српско-бугарската војна во 1885 година.  Во Втората балканска војна е назначен за командант на 3-табригада од пешадиска балканска дивизија.

Во 1916 година, кога регионот е окупиран од Царство Бугарија во чест на Константин Каварналиев е подигната седемметров споменик на местото каде што е пред тоа бил погребан полковникот. Споменикот е на мал рид, непосредно до патот за Валандово, на 3-4 километри од Дојран.