Советникот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди Грција велејќи дека само за неколку часа „ќе заврши катастрофално“ доколку и објави војна на Анкара.
На Грција ќе и се случи катастрофа за само три до четири часа доколку објави војна на Турција, рекол Јигит Булут.
Инаку, Булут во една прилика изјави дека Грција не е предизвик за Турција и дека тоа би личело „како мува да објави војна на џин“.
#Greece will totally end up in a catastrophe within three to four hours if it wages a war against #Turkey, claims Turkish president chief aide Yigit Bulut who says Greek was provoked by major powers to attack on Turkey, citing frigate intercept incident in Mediterranean. pic.twitter.com/Q6NZlJngDA
— Abdullah Bozkurt (@abdbozkurt) October 26, 2018
Ваквите изјави на Билут, дадени неодамна на локална телевизија, следуваат по последните тензии помеѓу Грција и Турција.
Претходно во октомври Турција ја обвини Атина за користење воени фрегати во пресретнувањето на турски истражувачки брод во Средоземно Море. Грчкиот воен брод побарал пловилото да се повлече тврдејќи дека немале овластување за истражувањата кои ги спроведувале во делови од грчката територија. По овој настан, дојде до дипломатска препирка помеѓу двата соседа.
Булут инаку важи за контраверзна политичка личност во Турција. Именуван е за висок советник на турскиот претседател Ердоган во 2013 година, а подоцна стана и главен економски советник.
Comments are closed for this post.