Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека Србија има доверба во францускиот претседател Емануел Макрон и изрази благодарност за поддршката на Париз за европскиот пат на неговата земја.
На прес конференцијата со француската министерка за одбрана Флоранс Парли, Вучиќ изјави дека Србија не учествува во речиси оркестрираната кампања против Макрон, поради некои одлуки во ЕУ, односно одлуката да не се отворат преговори за членство со Северна Македонија и Албанија.
– Имаме голема доверба во Макрон, го сметаме за искрен пријател. Верувам дека ќе води сметка за француските, но и српските интереси. Луѓето во Србија имаат доверба во Франција, истакна Вучиќ. Тој потенцираше дека после 35 години, по првпат француски министер за одбрана доаѓа во посета на Србија.
Од своја страна, Парли потенцираше дека Франција не е против проширувањето и оти ништо нема да се менува во она што досега е преговарано со Србија.
На прес конференцијата во Белград, Парли нагласи дека Западен Балкан е сосед на ЕУ и оти е важно да биде вклучен во Европа. Таа потсети дека Макрон рече дека Европа мора да се занимава со сопствените работи пред да дојде до ново проширување, но дека паралелно посакува да постои уште поголемо влијание на Унијата во тој регион
Comments are closed for this post.