Во март следната година започнува снимањето на серија за Слободан Милошевиќ и неговото семјество. Серијата ќе биде во пет епизоди и  во српска продукција. Ќе го следи периодот од симнувањето од власт до неговото испорачување во Хаг.

Се очекува оваа серија да ги разбранува духовите во регионот каде се уште се свежи сеќавањата од неговото владеење.

Се уште не е објавено кој ќе го глуми главниот лик, но и сопругата Мира и децата Марко и Марија.