Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за руската агенција „Тасс“ истакна дека неговата земја е искрен и партнер од доверба за Русија. Вучиќ изјави дека кога тој ќе се договори нешто со својот руски колега, Владимир Путин, тогаш тоа ќе биде и исполнето.
Пред четврточната посета на Путин на Белград, Вучиќ истакна дека рускиот лидер е еден од луѓето со коишто многу често се консултира и го прашува за совет.
Го запознавам со се што се случува. Никогаш не го лажам, ја кажувам вистината, иако тоа не секогаш му се допаѓа. Тој тоа го почитува, но исто така и јас, затоа што Путин е лидер на една голема земја, а јас на мала, а тој покажува почит за мојата држава. За тоа сум му многу благодарен – изјави Вучиќ.
Comments are closed for this post.