Сите чекаа јас да дојдам во Пуковац. Како бог ве молам да се вакцинирате“, кажа српскиот претседател при вакцинирањето.

„Имаме вакцини на располагање и тоа богатство треба да го искористиме. Кај нас сè уште има луди глави кои кажуваат да не се вакцинираме. Мојата мајка се вакцинираше, а да не се вакцинираше, немаше никаква шанса да преживее“, кажа Вучиќ.

Додаде дека употребил личен пример за да објасни колку се вакцините значајни и дека спасуваат животи.

„Им благодарам на сите кои сте тука, примив ревакцина и не болеше ништо како и првиот пат. Би замолил сите да се вакцинираат, не боли. Ве молам да бидете грижливи кон другите луѓе“, истакна Вучиќ.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето од Кина, да им ја пренесете пораката на кинескиот народ и на претседателот Си (Џинпинг). Благодарни сме ѝ на кинеската држава на помошта и поддршката, на огромниот број вакцини и се надевам дека ќе ја унапредиме соработката и околу прашањето на производството на вакцини и околу секвенционирањето, на кое ќе работиме со Пекиншкиот институт“, кажа Вучиќ.