Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, упати сочувство по пожарот што избувна синоќа во ковид-болницата во Тетово.
Вучиќ на Твитер напиша дека е исклучително погоден од веста за пожарот во болницата во Тетово, каде загинаа најмалку 10 лица.
„Ја споделуваме огромната болка со народот во Македонија, подготвени да пружиме секаква братска помош. Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на Македонија, а на повредените брзо опоравување“, напиша Вучиќ.
Comments are closed for this post.