Српскиот престеадетл Александар Вучиќ му испрати писмо на претседателот на САД Доналд Трамп. во писмото Вучиќ како што пренесуваат српските медиуми бара поддршка од Трамп за решение за Косово и го повика да ја посети Србија.

Со вашето љубезно писмо од 14 Декември уште еднаш ја истакнавте подготвеноста на САД да помогнат во дијалогот на Белград и Приштина како би се нашло решение за вековниот проблем на Косово. Веруватје почитуван претседателе дека никој не посакува повеќе решение од мојата земја бидејќи проблемот на Косово е тежок товар пред се за Србија и српскиот народ. Посветени сме на дијалогот и му пристапувамр храбро и реално размилсувајќи за иднината на сите нас на Западен Балкан. Ги исполнивме и сите наши обврски од Бриселскиот договор.

Но Србија не може тој тежок проблем да го реши сама. Без оглед на нашата воља и верба таксите кои ги воведе Приштина  на производите од Србија претставуваат оптоварување и непремостива пречка за продолжение на дијалогот.  Тие не само што нанесуваат штета на српската економија туку и го загрозуваат животот на Србите на Косово чии правамораме да ги браниме и штитиме. Нагласувам дека истиот момент кога Приштина ќе ја укине таа неразумна и штетна мерка подготвени сме да го продолжиме дијалогот. Сакам со ова писмо да ја истакнам и својата цврста определеност со заеднички сили да ги збогатуваме односите меѓу нашите две земмји. Горд сум на тоа што мојата земја во две светски војни се бореше на страната на правдата и правото и што бевме сојузници. Потсетувајќи се на нашето историско сојузништво низ тој светол пример на заедничкото минато сакам упте еднаш да ви упатам повик да ја посетите Србија како прв американски претседател после четириесет години, се вели во писмото на Вучиќ.