Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека имал краток и фер разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зошто да не му подадеме рака на човек кој не ја признава независноста на Косово .
Вучиќ додаде дека луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел се сретнал со нив во Молдавија на самитот на Европската политичка заедница, пишува Н1 Србија.
Украина не ја призна независноста на Косово и го почитува територијалниот интегритет на Србија, исто како што Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина. Имавме краток и фер разговор, но одлуката за санкции ја носат граѓаните на Србија преку нивните лидери, изјави Вучиќ за новинарите по самитот на Европската политичка унија во Кишињев.
На прашањето дали разговарал со украинскиот претседател за воведување санкции против Москва, Вучиќ рече дека Србија ја донела својата одлука во март 2022 година и дека позицијата на земјата не може да се смени само со еден разговор.
Comments are closed for this post.