Никола Чипиќ од Цетиње, почина утринава во експлозија во Подгорица.Како што пишуваат медиумите се дружел со опасни луѓе, а многу пати бил мета на полицијата. Учествувал во пукање каде зедно со Василиј Вујовиќ наводно испукал неколку куршуми во правец на Филип Ивановиќ во 2014 година.

Полицијата од него претходно во контрола во Долна Горица запленила пиштол.

Извор близок до загинатиот тврди дека не се занимавал со организиран криминал, но дека во последно време бил во некаква трка за брзи и големи пари. Од Управата на полицијата засега не кажале дека станува збор за лице блиско до било која криминална група.

Чупиќ бил во „тојота“ со цетински регистерски таблички, која експлодирала во Подгорица во близина на Музичко училиште.