Вооружени и маскирани милитанти застанати предалбанското знаме испратија барање до политичарите да престанат да продаваат или тргуваат со албански територии за свои лични интереси. Во видеото тие порачуваат дека веднаш мора да прекинат сите разговори за трговија со териториите на Северна Митровица и Прешевската Долина.
Холандскиот новинар со албанско потекло Винсент Триест, кој го објави видеото на твитер, појаснува дека станува збор за екстремистичка организација, која себеси се претставува како Албанска национална армија (АНА) и е опремена со лесно оружје, калашникови и снајпери.
Ова е прва вооружена група што се огласи против поделба на територијата меѓу Белград и Приштина, посочува Триесте, нагласувајќи го фактот дека првпат се слушнал „јужноалбански акцент“, бидејќи вообичаено, како што објаснува, лицата кои говорат на слични видеа имаат „косовски акцент“.
Според него, на оваа група не и се придава поголемо значење.
Comments are closed for this post.