Претставниците за буџетот на Косово и Централната изборна комисија (ЦИК) се согласија дека ќе бидат потребни околу шест милиони евра за одржување на предвремени парламентарни избори во Косово.
Се очекува мислењето на Уставниот суд на Косово за надлежностите на Владата по оставката на премиерот – изјави советникот на министерот за финансии, Љуљзим Рафуна.
Според него, средствата се обезбедени, но не може да се пренесат во ЦИК се до мислењето на Уставниот суд.
Средствата не се проблем…Сите решенија се суспендирани се додека не се добие мислењето на Уставниот суд за надлежностите на Владата во случај кога премиерот поднесува оставка – смета Рафуна.
Претседателката на Централната изборна комисија Валдета Дака изјави дека се уште тие официјално не се обратиле до Министерството за финансии за средства за предвремени парламентарни избори и дека ќе го сторат тоа кога претседателот на Косово ќе донесе указ за датумот на изборите.
Comments are closed for this post.