Двете убиства на мигранти во Белград се дел од организирана група за превласт во бегалското подземје и бизнисот со нивен транспорт во земјте на ЕУ.

Бизнисот го раководат мигранти со богат „стаж“ како бегалци по камповите на Балканот.Доаѓаат од Афганистан и имаат точно одредена хиерархија и свој „газда“ кој е одогорен кој бегалец кога ќе се префрла најпрво во Босна и Хрватска а оттаму и во западноевропските земји, пишува „Телеграф.рс“.

Организаторите најчесто пренесуваат малолетни лица, или пак тие што се претставуваат дека се малолетни бидејќи со нив немаат никакви документи. За нивно пренесување преки граница тарифата е од две до три илјади евра.