Дел од демонстрантите со маскирни униформи се упатија кон полицијата, и ги нападнаа со цврсти предмети. Полицијата, пак, одговори со шок бомби и солзавец за да ја растера толпата.

Во Атина денеска се одржуваат протести против Договорот од Преспа кој во текот на идната недела треба да биде ратификуван во грчкиот Парламент.