Во главниот град на Хрватска, Загреб, денеска на 12 локации ќе се спроведе масовно тестирање на корона вирус по пат на брзи тестови кои ќе бидат бесплатни.
Градот Загреб за овој потфат набави 50.000 тестови со вкупна вредност од 3,5 милиони куни (околу половина милион евра).
Луќето кои имале симптоми на корона вирус во претходните неколку дена може да се пријават за тестирање преку интернет страницата brzitest.com.hr, по што му се закажува термин.
На 12 пункта ширум геадот ќе се направи тестирање во три фази. Резултатите ќе г добијат за половина час на меил, а истите ќе стигнат и кај матичниот лекар.
Тестирањето ќе може да се направи во автомобил, па граѓаните нема да изгубат многу време чекајќи во редици.
Тестирањето е бесплатно, а термините за денеска се пополнети со 1.200 загрепчани.
Ако биде потребно Градот ќе набави дополнителни тестови за сите кои имаат потреба да бидат тестирани.
Comments are closed for this post.