Во Србија, во последните 24 часа регистрирани се 5.613 новозаразени, а починаа 27 пациенти.
Тестирани се 18.040 луѓе.
Во болниците има 5.317 пациенти, а на респиратори 182.
Од првиот регистриран случај во Србија досега од Ковид-19 заболеле 97.988 луѓе, а починаа 1.081 лица.
Вкупно се тестирани 1.555.000 лица.
Од почетокот на неделата има драстичен скок на бројот на заразени, откако беа забележани повеќе од 4.000 случаи.
Зголемен е бројот и на починати пациенти од поскедиците на Ковид-19.
Лекарите се загрижени од зголемениот број прегледи во амбулантите, па затова во Крагуевац се отвора втора ковид амбуланта, а во Ниш трета.
Comments are closed for this post.