Во акција на словенечката полиција во Љубљана запленети се 275 килограми наркотици, меѓу кои 230 килограми кокаин, два килограми хероин и 43 килограми смола од канабис, како и четири возила со посебно прилагоден простор за шверц на дрога и поголемо количество пари.
Во акцијата, спроведена синоќа, се приведени девет лица, на возраст од 26 до 62 години, кои се осомничени дека се дел од меѓународна мрежа за шверц на дрога, која дејствувала во Словенија и во повеќе држави од Балканот и ЕУ.
Помошникот началник на Управата на криминалистичката полиција, Андреј Колбле денеска информира дека во акцијата учествувале 180 припадници на полицијата.
Тој нагласи дека од деветтемина уапсени, осум се државјани на Словенија, а еден освен словенечко, имал и државјанство на друга земја, но не посочи која.
Comments are closed for this post.