Во Словенија на крајот на јануари биле регистрирани вкупно 91.499 невработени лица, што е за 4,8 проценти повеќе од декември и за 14,6 отсто повеќе во споредба со јануари 2020 година, покажуваат податоците на словенечкиот Завод за статистика.

Пораснал и бројот на новорегистрирани лица без работа.

Во извештајот на словенечкиот Завод за статистика се наведува дека од евиденцијата на невработени лица избришани се 6.294 лица, од кои 4.611 се вработиле, што е пораст за 58,3 проценти во однос на декември и пад од 1,9 отсто во споредба со јануари минатата година.