Поради автоматизација, повеќе од половината вработени во Словенија следните 15 до 20 години можат да очекуваат драстични промени, кои ќе се однесуваат на укинување работни места.
Според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), поради автоматизација, една четвртина од постојните работни места ќе бидат укинати, додека уште 27 проценти ќе бидат трансформирани, па ќе им биде потребна дополнителна обука за нивната работа.
Оваа проценка за Словенија е дел од посеопфатна студија за идните промени на пазарот на трудот во сите 36 членки на ОЕЦД.
Во клубот на развиените земји, се предвидува дека нарачките за индустриски роботи до 2020 ќе бидат четири пати поголеми во однос на тој број пред десет години.
Исто така и зголемените инвестиции во вештачката интелигенција ќе доведат до намалување на бројот на слободни работни места кои ќе бидат зафатени од автоматски системи.
Според ОЕЦД, автоматизацијата најмногу ќе ги погоди професиите и работните места кои не бараат покомплексни вештини, а ќе се создадат нови работни места за кои „старите“ работници не се обучени и за кои немаат потребни квалификации.
Comments are closed for this post.