Во согласност со минатонеделната уредба на Владата на Словенија, продавниците со вкупна површина до 400 метри квадратни од денеска повторно ќе бидат отворени за купувачите.
Владата во Љубљана минатиот четврток донесе одлука да ги суспендира овластувањата на локалните власти сами да воведат ограничувачки мерки и прогласи црвена зона низ целата земја.
Како што пренесува агенцијата СТА, иако одлуката на Владата стапи на сила минатата сабота, многумина не ги отворија веднаш своите деловни капацитети, бидејќи не успеаја да обезбедат потврди за тестирање за своите вработени, па според Словенечката трговска комора, само 10 до 15 проценти од нив ги отвориле своите објекти.
Поради проблеми со тестирањето, Националниот институт за јавно здравје на Словенија вети дека ќе им помогне на сопствениците на продавници кои можат повторно да примаат клиенти.
Comments are closed for this post.