Во привремената болница Арена во моментот се сместени 409 ковид пациенти, вели еден од координаторите д-р Влад Батножиќ.
Додава дека Арена може да прими уште 101 пациент.
Батножиќ вели дека вчера биле примени 31 пациент, дека таа брзо се полни и дека наскоро ќе бидат пополнети сите капацитети од 510 кревети.
Клиничката слика кај сите пациенти е потешка, затоа што полесните пациенти се во ковид амбулантите. Околу 250 болни се на кислородна терапија’, додава Батножиќ.
Comments are closed for this post.