Во Косово за време на војната и бомбардирањето од страна на НАТО беа уништени 25 храмови, пишуваат српските медиуми. Многу од нив до денеска не се обновени и се по силна заштита на силите на КФОР.

Црква на Богородица Љевишка во Призрен

 Овој храм на српската православна црква е посветен на Богородица Љевишка. Се наоѓа во Призрен и е седиште на призренската епископија. Изградена е во 10 век како базилика во стилот на византиската архитектура и е посветена на Успението на Пресвета Богородица.Овој храм сега е под големо обезбедување на војниците на КФОР по војната во Косово.

Црква Успение на Пресвета Богородица во Ѓаковица

Овој храм беше целосно разрушен за време на војната на Косово и срамнет со земја. Секоја година на денот на црквата се собираат Срби за да протестираат за протерувањето и редовно има конфликт со локалните Албанци

Црква Св, Димитрија во Косовска Митровица

Фото Пресинг Тв

Оваа црква која се наоѓаше во јужниот, албански дел од Митровица беше ограбена и на Србите не им беше овозможено да одат на литургија. Поради тоа, по поделбата на градот, во северниот дел каде што живеат Срби беше направена нова црква која се наоѓа на ридот на градот.

Црква Св.Илија во Урошевац

Оваа црква припаѓаше на Рашко призренската епархија на СПЦ. Посветена е на Св. Илија и е подигната на темелите на стариот храм. Се наоѓа во селото Никодим и во 1999 година беше ограбена и оштетена.

Црква Св.Никола во Приштина

Изградена е во 1830 на темелите од старата црква и се наоѓа во централниот дел на градот. Разрушена е во 2004 година а целосно реставрирана во 2008 година.

Санирани се оштетените ѕидови, камења како и врати. Оваа е дел од културното наследство на Србите.

Манастир Девич, Србица

Овој манастир е изграден во 1434 година и е посветен на Св. Јоаникие. Исто така е дел  културното наследство на Србија и неколку пати во историјата е ограбуван. Во 1915 година е ограбен од австроунгарската војска откако Србите избегале во Албанија. Срушен е во 1941 за време на Втората светска војна како и за време на конфликтот на Косово во 1999 година.

 

.