Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.904 нови случаи на зараза со корона вирусот, а активни се 14.604.
Од нив 2.278 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 253.
Починаа 44 лица, а во изминатите два дена уште 103 лица, односно 51 во понеделникот и 52 во вторникот. Се работи за највисоки бројки на смртност дневно.
Досега во Хрватска од корона вирус починаа 7.001 пациент.
Заразени се вкупно 327.737, а оздравеа 306.132.
До вчера вакцинирани се вкупно 639.564 лица.
Comments are closed for this post.