На прес-конференцијата на Кризниот штаб е објавено дека во Хрватска е регистриран њујоршкиот вид на коронавирус и дека починало 40-годишно лице кое претходно немало здравствени проблеми.
Властите соопштија дека досега малку се знае за новиот вид што е регистриран.
Малку знаеме за њујоршкиот вид. Првите вести започнаа да се појавуваат кон крајот на минатата недела. Она што досега го знаеме е дека тој е една од новите варијанти на вирусот што се шири побрзо од другите варијанти. Сите лица кои доаѓаат од Република Јужна Африка и Занзибар се предмет на истите мерки како и лицата кои доаѓаат од Велика Британија и Бразил. Што се однесува до другите африкански земји, важат истите правила, тие се трети земји за нас и мора да имаат 48-часовен негативен ПЦР-тест“, изјави член на Кризниот штаб, Крунослав Чапак.
Чапак рече дека претходно имале осум потврдени случаи на британскиот вид на коронавирус.
Comments are closed for this post.