Во среда во 10 часот по локално време започнува расправата во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а гласањето ќе биде во четврток вечер, брифираат извори од грчкиот Парламент.

Според сите очекувања, премиерот Ципрас ќе успее да собере минимум 151 глас за ратификација на договорот, иако не се исклучува можноста на денот на гласањето бројот да се зголеми.