Масовното заминување на албанските граѓани од земјата е проследено не само со намалување на работна сила, туку, од неодамна и со „тренд“ кој веќе е во фокусот на дебата.
Станува збор за палење на албанските пасоши веднаш штом ќе ја напуштат својата татковина, што според медиумите, е последица на огромото разочарување поради бесперспективноста во земјата.
Социјалните мрежи вријат од коментари,од оние кои поради идентичната разочараност од условите во земјата го оправдуваат овој чин, до оние, побројните, кои сметаат дека тоа е национален симбол и со него не треба да се мајтапи никој.
Медиумите ја пренесуваат реакцијата на познатиот активист Генц Сејко,кој смета дека „ може да се чувствува омраза кон политиката но не и кон татковината“.
Започна еден идиотски тренд, каде што оние кои ја напуштаат Албанија, го палат пасошот во знак на протест. Пасошот е на Република Албанија а не на владата. Кога ќе го запалиш пасошот, ги палиш и националните симболи. Вие не ја мразите Албанија. Вие ја мразите политиката. Научете да направите разлика,-пишува Сејко.
Comments are closed for this post.