Косовската Влада го усвои нацрт-буџетот за 2019 година. Како што соопштија од Приштина, буџетот ќе изнесува 2,3 милијарди евра.

Министерот за финансии Бедри Хамза, меѓу другото, информира дека 300 милиони евра ќе бидат издвоени за образованието, додека за здравството се предвидени 250 милиони евра.

Премиерот Рамуш Хараднај по усвојувањето на нацрт-буџетот изјави дека Владата има „една добра вест за Косово“.