Сè поголем број Срби кои се на одмор во Грција во последните години се соочуваат со проблемот на кражба на автомобили, но искуството покажува дека повеќето возила сепак им се враќаат на сопствениците. Семејствата кои поминале низ вакви ситуации се советуваат да не паничат и веднаш да се обратат во полицијата, бидејќи зад сè се крие eден чуден феномен.

Украдените возила најчесто се користат за транспорт на бегалци од турската граница до Солун. Автомобилот го оставаат во Александропули или на некој див паркинг во Солун и се враќа во рок од еден месец. Не се крадат за делови или за да се препродадат.