Албанската полициска управа го одби барањето на опозициската Демократска партија за одржување протест на 5 март во 9 часот.

Во одговорот се наведени и причините зошто не и се дозволува на опозицијата да протестира пред Парламентот.

Насилството врз членовите на Парламентот, насилството врз полициските службеници со употребана на тврди предмети, повици за насилство од страна на организаторите се дел од причините што полицијата ги наведува во одговорот до опозицијата.

-Вашето барање за протест пред Парламентот ја загрозува безбедноста на институцијата од посебно значење, како што е албанскиот законодавен дом, го попречува влезот на пратениците, администрацијата и другите вработени, го загрозува нивниот живот и го попречува реализирањето на предвидените работи во 10 часот на овој датум, затоа не се дозволува одржување протест на местото што го побаравте, стои во полицискиот одгор до опозицијата.

Полицијата и препорачува на опозицијата мирен протест да одржи на друго место и предупредува дека во случај на непочитување на ова одлука организаторите ќе падне врз одговорноста.

Откако беше закажувана на пленарна седница на Парламентот, за 5 март во 10 часот, обединетата албанска опозиција најави протест пред законодавниот дом