Црногорскиот политичар Мило Ѓукановиќ кој е во посета на Македонија е најдолговечниот политичар на Балканот. Тој почна со политика да се занимава уште во времето на СФРЈ.
Беше во три мандати премиер на Црна Гора, а на двапати претседател на државата. Важи за еден од најконтроверзните политичари во својата земја и многу бизниси се поврзуваат со неговото име.
Во 2003год. обвинителството во Наполи го поврза Џукановиќ со организиран криминал и шверц со цигари но обвинението подоцна беше повлечено.
Ѓукановиќ сега има 57 години а на политичата сцена се појави како соработник на Слободан Милошевиќ но патиштата им се разидоа кога Црна Гора реши да стане независна држава и да излезе од заедницата со Србија.
Comments are closed for this post.