Вака сега изгледа Марко Милошевиќ (ВИДЕО)

14.06.2023 / 12:37


Марко Милошевиќ, синот на поранешниот претседател на Србија и СРЈ, Слободан Милошевиќ, за прв пат се појави во јавноста по повеќе од 20 години.

Милошевиќ е снимен во Москва на откривањето на споменикот на неговиот татко, во друштво на Александар Залдастанов, познат како Хирург, близок соработник и пријател на Владимир Путин и водач на мото групата „Ноќни волци“, пишува Блиц.

Во видеото кое трае нешто помалку од 50 секунди, Залдастанов го најавува Милошевиќ, кој потоа и се обраќа на толпата повторувајќи ги зборовите на татко му напишани на споменикот.

„Како што пишува овде на плочата, ние, за жал, бевме тест за тоа што се случи со Русија и што се случува сега во Украина. Југословенските војни се исти, само сега во Украина – забрзана верзија. За жал, ја изгубивме битката, но војната, се надевам, не сме. Од нашите грешки и од нашата судбина, Русите извлекоа лекција и ќе победиме! За победата“, рече Марко Милошевиќ, стоејќи пред српското знаме, откако кој еден од насобраните извикува „Србија ја чува славата!“.

Инаку, посочува белградскиот весник, синот на Милошевиќ изгледа прилично непрепознатливо во однос на последните достапни фотографии од пред повеќе од 20 години, тој видно остарел и побелел.

Тој не се појави во јавноста откако, по падот на режимот на неговиот татко на 5 октомври, побегна во Русија откако беше обвинет под сомнение за вмешаност во организиран криминал.

Веќе на 7 октомври тој ја напушти Србија и преку Пекинг замина во Москва, каде што доби политички азил.По него има потерница од Интерпол во Србија, според кој треба да биде уапсен ако се појави во земјата.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Регион

Aлбанците сакаат името Урошевац целосно да исчезне, да остане само Феризај

пред 33 мин.
Регион

Maкедонецот Марко упапсен во Црна Гора како член на Шкаљарскиот клан

пред 1 час
Регион

Грчки европратеник се закани со блокада на Македонија во ЕУ, сме краделе историја

пред 4 дена
Регион

Сакате да купите недвижност во Грција: Еве колку чини месечно одржување

пред 4 дена
Регион

Јотова повтори дека Бугарија нема намера да ги спроведува пресудите на Стразбур за „ОМО Илинден Пирин

пред 6 дена
Регион

Македонците во Грција: За 20 години од барање за враќање на имотите до повик да добијат грчки пасош

пред 6 дена
Регион

Се сеќавате на неа? Откако ги помагаше „шарените“ Тања Фајон не може да најде никаква работа

пред 7 дена
Регион

Толку од бугарските: Грција ја олеснува процедурата Македонците да добијат грчки пасош

пред 7 дена
Регион

Вучиќ: ЕУ треба заедно да го прими Западниот Балкан

пред 2 недели
Регион

Рама искрен: „Отворен Балкан“ беше „ужасна идеја“ само затоа што јас и Вучиќ стоевме зад неа

пред 2 недели
Jojobet GirişJojobetHoliganbet girişGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetgrandpashabetJojobetjojobetmeritbetcasibomgrandpashabetgrandpashabetiptv satın albetciocasibom