Утрово фрлена е бомба во ресторан во центарот на Белград, од страна на засега непознато лице. Инцидентот се случил на улицата Добрашина, во Дорчол, а при експлозијата е направена значителна материјална штета, а оштетени се и неколку автомобили.
Експлозијата се случила во периодот кога ресторанот бил затворен и во него немало гости, и, за среќа, нема повредени.
Полицијата работи на расветлување и откривање на идентитетот на лицето кое ја фрли бомбата.
Comments are closed for this post.