Утрово фрлена е бомба во ресторан во центарот на Белград, од страна на засега непознато лице.  Инцидентот се случил на улицата Добрашина, во Дорчол, а при експлозијата е направена значителна материјална штета, а оштетени се и неколку автомобили.

Експлозијата се случила во периодот кога ресторанот бил затворен и во него немало гости, и, за среќа, нема повредени.

Полицијата работи на расветлување и откривање на идентитетот на лицето кое ја фрли бомбата.