Еден мигрант е убиен со нож во тепачка на повеќе мигранти, што се случи кај Прифатниот центар во белградската населба Крњача.
Како што јави агенцијата Танјуг, според Брзата помош, мигрантот, чиј идентитет не е познат, е убиен со 24 убоди од нож.
Брзата помош можела да констатира само смрт кај момчето.
Во последните два дена ова е второ убиство меѓу мигрантите.
Мигрант од Авганистан беше убиен во средата околу 21 часот во центарот на Белград. Постои сомневање дека на убиството му претходела тепачка меѓу мигранти, по што мигрантот К.К. (21) е убиен со нож во градите.
Полицијата во Белград уапси 17-годишен државјанин на Авганистан, кој е осомничен дека пред еден угостителски објект во центарот на Белград, со уште еден врсник од Авганистан, со нож го прободел К.К., кој починал на местото на настанот.
На сослушувањето тој го негирал обвинението.
Полицијата и натаму трага по другиот осомничен, кој е идентификуван.
Comments are closed for this post.