Основниот суд во Приштина му одреди 30-дневен притвор на заменикот-министер за регионален развој, Муса Цена, кој беше уапсен вчера под обвинение за примање мито и злоупотреба на службената должност, пишува порталот „Газета Експрес“.

Цена е член на партијата на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, Алијансата за иднината на Косово (ААК), а медиумите забележуваат дека за случајот досега се немаат огласено ниту премиерот ниту официјални лица од партијата.

Заедно со заменик-министерот, под обвинение за истото дело – примање поткуп и злоупотреба на службената должност – вчера се уапсени и едно службено лице од општината Ораховац и еден сопственик на приватна компанија.