Една од најголемите безбедносни опасности за Косово во овој момент се џихадистите кои ги има во голем број. Ова се наведува во најновото истражување на Центарот за безбедносни студии. На Косово има околу 400 џихадисти од кои 255 се мажи, а останатите жени и деца.

Најзагрозени од овие џихадистички групи се српските средини. Неодмна беше откриено дека Албанци под контрола на ИСИС планирале терористички напади во Грачаница и Косовска Митровица.

Нападите биле планирани за Божик оваа година, но за среќа биле навреме откриени.