Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган денеска ќе присуствуваат на свечената церемонија за завршницата на поморскиот дел од гасоводот Турски тек.
Поморскиот дел од гасоводот, со должина од 930 километри, се протега по дното на Црното море и е наменет за транспорт на рускиот природен гас до Турција.
Руски Гаспром неговата изградба ја започна во мај минатата година.
Надвор од водата, конструкцијата на гасоводот ќе продолжи да биде граден на земја во должина од 108 километри кој ќе овозможи снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа.
Првата испорака на гас предвидена е за крајот на 2019 година.
Се очекува со гасоводот да бидат транспортирани 31,4 милијарди кубни метри руски природен гас до Турција.
Станува збор за најголемото заедничко вложување на двете земји.
Comments are closed for this post.