Голем пожар изби попладнево на грчкиот остров Закинтос, во шумата меѓу селата Килиоменос и Агалас. Пожарот избувнал околу 14 часот по локално време, јавува АНА.Туристичките места за среќа не се зафатени од огнената стихија.
Во гаснењето на огнот учествуваат 20 пожарникари со седум противпожарни возила, а се очекува да помогнат и авионите.
Во гаснењето на пожарот помага и локалното население и засега нема опасност за туристите и тамошните жители
Comments are closed for this post.