Турските власти уапсија три лица, вработени во државната железничка агенција, а кои се сомничат за пропусти кои доведоа до железничката несреќа во Анкара.
Тројцата се уапсени откако брз воз удри во локомотива за инспекција на пругата, а потоа во пешачки надвозник на станицата во Анкара, при што загинаа најмалку девет, а повредени беа 46 луѓе, од кои тројца се во критична состојба. Меѓу загинатите се и тројцата машиновозачи.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вети темелна истрага и порача дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Брзиот воз удрил во локомотивата која правела инспекција, а според турските медиуми, локомотивата воопшто не требала да биде таму во моментот на несреќата. Истрагата ќе траба да утврди и дали имало евентуално некаков проблем со сигнализацијата.
Comments are closed for this post.