Сегашниот премиер на Косово Рамуш Харадинај., претседателот Тачи и Агим Чеку неколку години пред атентатот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ размислувале да го убијат но се откажале по советот кој го добиле од власта во Црна Гора, пренесува „Ало.рс“.
Од пресретнатите разговори што ги фатиле српските разузнувачки служби се гледа дека Чеку и Харадинај ликуваат по убиството на премиерот.
Тачи: На моите горе сакав да им наредам да го убијат кучето, но Црногорците ми рекоа да не го чепкам оти ќе загине од своите. Многу се осили, почна да ја понижува Америка, да не беа Американците никогаш нема да видеше власт.
Чеку: Им сврти грб на оние што го донесоа на власт.Побегна во Црна Гора кога беше бомбардирањето. Мило го чуваше за да не го убијат.
Тачи: На Србите не треба да им се верува. Требаше да го колат како свиња, а не со куршум како човек.
Comments are closed for this post.