Васил Божков е бугарски олигарх и главен идеолог и движечка фигура на Граѓанската платформа „Бугарско лето“. Тој најбогатиот Бугарин со богатство проценето меѓу 1 и 3 милијарди лева познат по прекарот Череп. Важи за голем колекционер на ретки антиквитети и уметнички слики.
Во јануари 2020 година, Божков ја напушти Бугарија и побегна во Дубаи за да избегне притвор, по што беше обвинет за повеќе обвиненија, вклучувајќи убиство, перење пари, даночно затајување, силување итн.
По неговото бегство, Божков тврдеше дека бил подложен на систематски рекет од страна на властите. Ова можеби и е точно откако денеска бугарските медиуми трдат дека порашениот премиер Борисов му барал пари а беа објавени фотографии и видео снимки.
Божков има 63 години и неговите две приватни лотарии и обложувалници имаат годишен профит од над 200 милиони лева.Тој во една прилика изјавил дек парите ги направол во во годините кога се играло без правила. Освен што е одличен математичар, Божков е и познат покераш.
Држењето победничка или слаба рака не значи дека нужно ќе победите или изгубите. Важно е да можете да блефирате, а понекогаш пресуден е адутот што го криете во ракавот-изјави во една прилика
Вози уникатен модел „Mercedes Maybach“ вреден 700.000 евра
Овој модел е произведен специјално за него во Канада. Лимузината е долга пет метри има заштита на ниво VR10, што значи дека може да издржи дури и напад со граната. Внатрешноста на возилото е опремено со систем за противпожарна заштита, како и довод на воздух шест часа во случај на хемиски напад.
Comments are closed for this post.