Безредија се случиле во бегалскиот центар на грчкиот остров Лезбос, јавија грчките медиуми. Според АНТ1 во Мориа, каде има околу 5.000 бегалци и азиланти настанале безредија кои прераснале во тепачки при што интервенирала полицијата.
Инцидентите се случиле откако најпрвин малолетните деца кои се без родители почнале протести со барање да бидат префрлени од кампот, по што нервозата се проширала кај азилантите. Полцијата го евеауирала делот каде што се малолетниците. На островот е и претставник на УНХЦР.
Полицијата соопшти дека реагирала на мобилизацијата на малолетните деца, а кога почнала да интервенира полицајците биле нападнати. Заради тоа тие користеле солзавец.
Comments are closed for this post.