Водачите на Земунскиот клан Миле Луковиќ и Душан Спасојевиќ имаат тажни животи и семејни приказни од кои никогаш не се опоравиле.

Приказната започна кога Душан Спасојевиќ на 25 години заминува за Белград а набрзо му се придружува и неговиот најдобар пријател  Миле кој му станува и кум и затоа го добива и тој прекар.

Во Белград почнуваат да крадат на ситно  и да препродаваат дрога. Кога во медиумите било објавено дека крадат пред паркингот на ВМА каде се сместени ранети од војната во Босна.

Таткото на Миле Луковиќ лично отишол да види дали тоа  е точно  дали неговиот син навистина го посрамотил семејството… Набргу по враќањето од Белград, таткото на Луковиќ се самоубил.

Таткото на Душан Спасојевиќ починал од природна смрт, но го проколнал синот на смртна постела. На семејството му рекол и дека не сака синот да се појави на гробот. Никогаш! Така и било.

Во патријархална средина како што е јужниот дел на Србија, влегувањето во криминал е непростлив грев. Во тоа длабоко веруваа и татковците на Душан Спасојевиќ и Миле Луковиќ.