Владимир Кецмановиќ пред судот изјавил дека членовите на семејството знаеле дека тој поседува оружје, но дека го чувал во куфери кои служеле и за транспорт и складирање на муниција и оружје, кои имале катанец, а само тој го знаел кодот

На прашањето дали го водел синот на стрелиште, Кецмановиќ рекол дека го водел за прв пат и му дозволил да пука со воздушна пушка, тврдејќи дека претседателот на стреличарскиот клуб му дал на момчето убиец да пука со лесно оружје и дека тој го обучил.

Тој објасни дека на неговиот син мубила  забранета физичка активност поради коронавирусот и затоа решил да го однесе на стрелиштето, бидејќи самиот се занимава со рекреативно стрелање.

На прашањето дали мајката на момчето, обвинетата Милјана Кецмановиќ, се согласува со идејата тој да оди на стрелиште, Кецмановиќ рече дека во нивното семејство сè е прашање на договор, и дека и за тоа се согласуваат.