Утре во Берлин се одржува голема конференција за Западен Балкан под покровителство на канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Покани да дојдат во Германија имаат премиерите на сите шест земји од регионот како претседателите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

Белград и Приштина ќе се обидат да го продолжат дијалогот кој е закочен откако косовските власти воведоа високи такси за српските производи.

Македонскиот премиер Зоран Заев пак ќе се обиде да ги убеди еврпските челници дека земјата треба да добие датум за почеток на преговорите за членство а како најголеми противници се јавуваат токму Франција, Данска и Холандија