Зоран Марјанов, возачот на автобусот што изгоре во Лептокарија, Грција, говори за тоа како дошло до пожарот и дека само поради неговата брза реакција немало човечки жртви.
Тој објаснува дека сѐ се случило за неколку секунди и оти не можел да го избегне душекот бидејќи во тој случај би имало повредени патници од наглото кочење. Кога оганот се појавил од под седиштата тој гледал само да не се заглават вратите за да можат сите патници навреме да излезат надвор.
За момент се организиравме, пола патници излегоа на предна а пола на задна врата. Набрзина земаа некои од работите и излегоа. Не се испаничија но се одалечија да не има експлозија. Во тој момет почна мојата борба со оганот, го гаснев со противпожарен апарат но беше предоцна – раскажува возачот.
Comments are closed for this post.